20 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКреаторите на Angry Birds остварија помала заработувачка

Креаторите на Angry Birds остварија помала заработувачка

a birds

Финската компанија „Rovio“ се прослави со серијалот на својата игра „Angry Birds“, кој стана многу успешна франшиза со поголем број на игри, но и нивни производи – како фигури, играчки, предмети за облекување и слични потрошувачки производи.

Токму тие производи, односно нивниот значителен пад на продажбата, е причината за послабите финансиски резултати на „Roviо“ во изминатава година.

Компанијата пријавила приходи за 9% помалу во однос на 2013-та (вкупно 158,3 милиони евра). Интересно, нивната основна дејност, производство и продажбата на забавни апликации, порасна за дури 16,3% и им донесе 110,7 милиони евра. Сепак, и во 2014-та „Rovio“ оствари профит и тоа во износ од 10 милиони евра.

Игрите кои се произведени во оваа компанија досега се превземени преку 2,6 милијарди пати, од кои 600 милиони отпаѓаат на споменатата 2014-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП