3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАџибадем Систина со донација во специјалната болница за ортопедија и трауматологија "Св.Еразмо"

Аџибадем Систина со донација во специјалната болница за ортопедија и трауматологија “Св.Еразмо”

al

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ донираше медицински униформи и други производи за потребите на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија “Св. Еразмо“ од Охрид.

Околу 3000 парчиња медицински униформи и други производи (бањарки, пешкири, ноќници, детски и машки пижами, наметки, постелнина) за потребите на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ од Охрид, денеска беа донирани од Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

an

„Ни претставува чест и задоволство што денеска со нашата донација ќе го дадеме својот удел во подобрување на условите во болницата. Горди сме што заедно ќе бидеме пример и ќе покажеме дека приватното и јавното здравство можат заедно да соработуваат и дејствуваат со една и единствена цел, подобро здравство за сите. Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и во иднина ќе биде отворена за соработка, и ќе се труди да одговори на потребите на болницата“, изјавија од Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

ak

Во согласност со својата мисија и визија за унапредување на квалитетот во здравството и грижата за здравјето, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ќе продолжи и во иднина да ги остварува своите задачи како општествена одговорна компанија. За таа цел ќе се реализираат повеќе проекти за унапредување на здравствениот систем во Р Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП