23 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААтина исплати нова транша од долгот

Атина исплати нова транша од долгот

euro-evro-money-pari

Грција, како што беше и предвидено, му исплати нова транша од 348,5 милиони евра на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во рамките на вкупната сума од долгот од 2,5 милијарди евра.

Покрај оваа исплата за ММФ, со која на оваа институција во март и се исплатени 1,5 милијарди евра, грчката агенција за управување со јавниот долг денес исплати и 1,6 милијарди евра за покривање на државните обврзници.

Грција се наоѓа во сериозна финансиска ситуација по изборите одржани на 25. јануари на кои победи радикалната левичарска партија Сириза, која се противи на ригорозните мерки за штедење.

Владата на премиерот Алексис Ципрас сака да постигне нов договор со кредиторите за репрограмирање на долгот на Грција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП