18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПодобрени деловните тенденции во преработувачката индустрија

Подобрени деловните тенденции во преработувачката индустрија

proizvodstvo industrisko34

Индикаторот на доверба во преработувачката индустрија бележи зголемување во февруари,  како на годишно, така и на месечно ниво, соопшти Државниот завод за статистика врз основа на оценката на раководителите на деловните субјекти.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во февруари, во однос на претходниот месец, е поповолна, состојбата со залихите на готови производи e поповолна, како и очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци.

Економската состојба на деловните субјекти е оценета како поповолна во однос на претходниот месец, а како поповолна и во однос на февруари 2014 година. Истото се однесува и на оценката за бројот на вработени.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во февруари изнесува 62,2 отсто од нормалното искористување.

Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на прозводството имаат следните фактори: недоволната домашна побарувачка со 25 отсто, недостигот на квалификувана работна сила со 24,9 отсто, недоволната странска побарувачка со 24,7 отсто и финансиските проблеми со 5,7 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП