19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТрет ден штрајк во Lufthansa, откажани 800 летови

Трет ден штрајк во Lufthansa, откажани 800 летови

lh-pilots-strike-01

Германската авиокомпанија Lufthansa откажа во петокот стотици летови, бидејќи пилотите на компанијта влегоа во трет ден од штрајкот поради долгорочниот спор со менаџментот околу предвременто пензионирање.

Откажани се околу 800 летови на Lufthansa на долги и кратки релации, вклучително и 90 летови поврзани со штрајкот на италијанските контролори на летање, пренесе AP.

Синдикатот соопшти дека и во сабота ќе бидат откажани летовите на долгите дестинации, а портпаролката на синдикатот, Илона Ритер, порача дека се подготвени на преговори, но бараат од раководсвото на Lufthansa да покажe сериозна воља за решавање на спорот.

Во меѓувреме, раководството на Lufthansa соопшти дека веќе ја претставила подобрената понуда и дека со ескалирањето на штрајкот синдикатот само се оддалечува од решение.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП