20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија промовирана на саемот за туризам во Москва

Македонија промовирана на саемот за туризам во Москва

Untitled

Четврта година по ред Агенцијата за поддршка ипромоција на туризмот (АППТ) го претставува својот туристички потенцијал на саемотза туризам во Москва, Русија (MITT).

Повеќе од 2.056 егзибитори и туристички компании како и 203 туристички дестинации јапретставија својата понуда на најважниот саем за туризам на рускиот пазар, кој сеоддржува од 18 до 21 март.

Претставници на АППТРМ се сретнаа со партнерите и соработниците, продолжувајќи ја одличната соработка со рурскиот тур оператор “7 Tour” кој веќе неколку години носи руски туристи во Македонија. Од минатата година започна и соработката со Руската Асоцијација на тур оператори и туристичките агенции Amigo tours и Inter-visam чии претставник е Росолин Ирина. Ирина Росолин е и основач на Здружението „Посетете ја Македонија” веб портал кој нуди тури за Mакедонија и информации за најатрактивните туристички дестинации во нашата земја.

Промоцијата на Македонија на овој саем е исклучително важна, искористувајќи јаможноста да се зголеми свесноста за постоењето на Македонија како туристичкадестинација во Руската Федерација. Позитивното искуство говори дека одлуката занастап на рускиот пазар е правилен избор, а за тоа говори фактот што во последнитенеколку години имаме зголемување на броjот на туристи од Русиja за 40 отсто. Истотака владините мерки за поддршка на туризмот се покажаа како одлична можност запривлекување на странски тур оператори. Оваа година висината на субвенциите зарускиот пазар изнесува 65 евра по донесен турист за авионски организиран туристичкипромет во нашата држава.

На саемот за туризам во Москва, Македонија се претстави во нов дизајн на штандот и нови промотивни материјали кои имаа можност да ги видат повеќе од 50.000 посетители.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП