18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУкинувањето на ЕУ санкциите за Русија зависи од целосната примена на договорот...

Укинувањето на ЕУ санкциите за Русија зависи од целосната примена на договорот од Минск

eu-russia-ru-eu

Челниците на Европската унија се согласиле дека економските санкции против Русија воведени поради нејзината наводна улога во украинската криза треба да бидат поврзани со целосното спроведување на договорот од Минск за прекин на огнот, објави доцна вечерта во четвртокот во Брисел претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, а во документот се наведува дека одлуката за тоа ќе биде донесена следните месеци, како и дека ЕУ е подготвена на нови мерки.

„Се согласивме околу фактот дека траењето на економските санкции да биде јасно поврзано со целосното спроведување на договорот од Минск“, изјави претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, по завршувањето на првиот ден од самитот на Европската унија.

Според текстот на коминикето од самиот на шефовите на држави и влади на земјите од ЕУ кое им било дадено на увид на неколку агенции, одлуката за судбината на економските санкции против Русија ќе бидат донесени во текот на следните неколку месеци, при што се истакнува дека ЕУ е подготвена на нови мерки доколку тоа е потребно.

„Европскиот совет одлучи дека времетраењето на рестриктивните мерки против Руската Федерација, донесени на 31-ви јули 2014 година и заострени на 8-ми септември 2014 година, треба да биде јасно поврзани со целосното извршување на договорот од Минск, имајќи предвид дека нивната важност е до 31-ви декември 2015 година. Неопходно е решението да биде донесено во наредните месеци. Европскиот совет е подготвен да преземе дополнителни мерки доколку е неопходно“, се вели во документот.

Владите на земјите членки на Европската унија досега на сличните средби беа поделени околу прашањето дали сега треба да се дејствува за да се обноват санкциите чиешто важење истекува во јули.

Германската канцеларка Ангела Меркел претходно во четвртокот изјави дека Германија силно ќе ги охрабри челниците на ЕУ на самитот во Брисел да ги задржат санкциите против Русија сé додека Москва не ги исполни условите од договорот постигнат на 12-ти февруари во белоруската престолнина Минск.

„Не можеме и нема да ги укинеме санкциите кои истекуваат во јули или септември сé додека не се исполнат сите услови од договорот од Минск. Тоа би било погрешно“, изјави Меркел во четвртокот во долниот дом на германскиот парламент Бундестагот.

Останува нејасно за какви руски обврски станува збор, затоа што документот кој го потпишаа челниците на Украина, Русија, Франција и Германија, се однесува на договор меѓу двете конфронтирани страни во рускојазичните источни украински региони. Западот ја обвинува Русија дека воено ги помага проруските бунтовници во Украина, што оваа упорно го негира и тврди дека станува збор внатрешен украински судир.

Во текот на работната вечер челниците на ЕУ разговарале за односите со Русија и за состојбата во Украина, но детали не се познати.

Челниците на ЕУ, исто така, побараа од високата претставничка за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини да изработи акциски план за борба против наводната „дезинформациска кампања“ на Русија во врска со случувањата во Украина.

Извори од ЕУ минатата седмица објавија дека Унијата ќе мора да изнајде начин да им се спротистави на руските интерпретации во самата Русија, но и во западноевропските земји како и што се Германија и руските сосед, членките на ЕУ со значително руско малцинство, како што се балтичките земји.

„Европскиот совет ја нагласува неопходноста од спротиставување на актуелните кампањи за дезинформирање кои ги спроведува Русија и ја повикува високата претставничка …. да до јунскиот Европски совет подготви акциски план за стратешките комуникации со цел да се поддржи слободата на медиумите и европските вредности“, се наведува во нацртот. „Се поздравува воспоставувањето на комуникацискиот тим како прв чекор во таа насока“, се наведува уште во нацртот во кој увид имал Reuters кој го објави на 11-то март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП