23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНема зима за BMW

Нема зима за BMW

zima

Баварскиот гигант „BMW“ ги објави резултатите за месец февруари. Тие ширум светот испорачаа  133.630 автомобили од својата гама, како и од „MINI“ и „Rolls Royce“ со што забележаа раст од истиот месец од претходната година за дури 4.7 проценти. Со тоа „BMW Group“ ја оствари најдобрата продажба досега во месец февруари. Рекорд е поставен и во испорачувањето на возила од почетокот на годината.

Компанијата во првите два месеци од 2013-та година до купувачите достави 256.929 возила и во однос на 2012-та бројката е зголемена за 7.1 проценти.

„Во претходниот месец „BMW Group“ достигна значителна продажба на возилата и поради тоа имаме намера да продолжиме со позитивниот развој на нови модели во текот на целата година“, вели Иан Робертсон, член на Управниот одбор на „BMW AG“ за продажба и маркетинг.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП