8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБанките искористиле 98 милијарди евра евтини кредити

Банките искористиле 98 милијарди евра евтини кредити

ecb-headquarters111

Европската централна банка (ЕЦБ) во четвртокот во финансикиот систем вбризга 98 милијарди евра, двојно повеќе ликвидност од што се очекуваше, покажаа податоците на централната монетарна институција на еврозоната.

Банката со седиште во Франкфурт објави дека 143 комерцијални банки се задолжиле вкупно 97,8 милијарди евра, во рамки на третиот круг од програмата за кредитирање чија цел е да ја поттикне заостанатата економија на еврозоната и да го сопре забавувањето на инфлацијата.

Износот од овие кредити е двојно поголем во однос на прогнозите на аналитичарите кои се движеа околу скромни 40-тина милијарди евра, во рамки на програмата на таканаречени целни долгорочни операции (TLTRO).

Програмата на ЕЦБ е смислена со цел поттикнување на банките кредитните пласмани да ги насочат кон малите и средни претпријатија и со тоа да помогнат економијата на еврозоната да застане на нозе. Овој пат кредитите на ЕЦБ би требало да ги мотивираат банките на поголемо кредитирање на реалната економија бидејќи ќе мораат истите да ги враќаат веќе за две години, место досега предвидените четири, ако не успеат да докажат дека парите се пренасочени за компании и за домаќинствата.

Овие кредитите се нудат по фиксна камана стапка од 0,15 отсто, што е нешто над референтната каматна стапка на ЕЦБ од 0,05 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП