22 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕгипет покрена мега проект - ќе гради нова престолнина

Египет покрена мега проект – ќе гради нова престолнина

nov kairo1

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси објави мега проект кој би требало да го подобри животот на жителите на главниот град Каиро, а амбициозниот проект го споредуваат со изградбата на древните египетски пирамиди.

Новата египетска престолнина ќе биде изградена источно од Каиро, ќе има аеродром поголем од лондонски „Хитроу“, зграда повисока од Ајфеловата кула и повеќе од 10.000 километри авении и улици. Меѓу поводите, за изградба на новата метропола се лошата инфраструктура и сообраќајниот хаос во Каиро во кој живеат и работат 18 милиони луѓе.

Планот за новата египетска престолнина, којашто би требала да биде изградена во рок од седум години, беше претставен минатата седмица на економскиот самит во Шарм ел-Шејк каде што претседателот Абдел Фатах ал-Сиси ги повика странските инвеститори да помогнат во обновувањето на Египет по безредијата коишто започнаа уште во 2011 година. Властите ветија дека ќе започнат со работите во рок од неколку седмици, а ал-Сиси притоа истакна дека сака брзи резултати.

nov kairo

Меѓутоа, не сите во Египет го поздравија овој огромен проект, а некои го критикуваат и како мегаломански. Жителите на Каиро ја доведуваат во прашања потребата од замена на својата илјадници години стара престолнина со сјајот на новиот град, којшто, доколку некогаш се издигне во блиската пустина, силно ќе се потпира на инвестициите на земјите од Персискиот залив.

Новата престолнина би требало да се простира на 700 квадратни километри, што е приближно колку и големината на Сингапур, да има 1,1 милиони домови и да создаде 1,75 милиони работни места, се наведува на интернет страницата www.thecapitalcairo.com со којашто се промовира проектот. За нејзиното завршување ќе бидат потребни 300 милијарди американски долари, изјави Мохамед Алабар, милијардер од Обединетите Арапски Емирати кој помогна во изградбата на облакодерот Бурџ Калифа во Дубаи.

Колку да се сфатат димензиите на овој проект, треба да се спомене дека во извештајот на американската централна разузнавачка агенција CIA се наведува дека вкупниот бруто домашен производ (БДП) на Египет во 2013 година изнесувал 262 милијарди долари. Само почетната фаза на изградбата е проценета на 45 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП