9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталијанска компанија во Прилеп ќе произведува расветни тела

Италијанска компанија во Прилеп ќе произведува расветни тела

Untitled

Италијанска компанија „Buzzi & Buzzi“, која произведува расветни тела ќе инвестира во Прилеп.

Претставници на компанијата, во четврток, го посетија Прилеп и оставарија работна средба со градоначалникот Марјан Ристески.

На средбата беа разгледани можните локации за инвестирање. Оваа компанија ќе создаде во првата фаза околу 20 до 50 нови професионални работни места. Фирмата ќе вработува млади лица кои дипломирале и кои имаат одлични познавања од англискиот јазик.

По нивните консултации, решија да инвестираат во Македонија и во Прилеп зашто земјата нуди поволни можности за инвестирање.

„Компанијата беше позитивно изненадена и заинтересирана за поволната бизнис клима и со своите операции, оваа компанија ќе донесе уникатна високоразвиениа технологија за производство на расветни тела“, велат од Општина Прилеп.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП