17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИYahoo целосно ја напушта Кина

Yahoo целосно ја напушта Кина

Yahoo11

Американската корпорација „Yahoo“ одлучи да го затвори своето претставништво во Кина во рамките на програмата за консолидација и намалување на трошоците.

Во соопштението на „Yahoo“ се наведува дека ќе бидат угасени околу 350 работни места.

„Yahoo“ во 2005 година ги продаде сите свои оперативни потенцијали на компанијата „Alibaba“, а од тогаш го контролира само истражувачкиот центар во Пекинг.

„Постојано правиме промени за да оствариме подобра соработка и иновации во нашата работа“, се додава во соопштението.

„Yahoo“ со месеци се обидуваше да одржи раст на профитот, откако глобалниот примат во сферата на интернет пребарувањето го презема „Google“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП