27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGeneral Motors ги прекинува своите активности во Русија

General Motors ги прекинува своите активности во Русија

Russian President Dmitry Medvedev (R) au

Американскиот концерн „General Motors“ (GM) е уште еден светски производител на автомобили кој ќе ги прекине операциите во Русија. Причината е комбинацијата од меѓународните санкции и внатрешноекономските проблеми на земјата, со кои продолжува да опаѓа продажбата на нови автомобили, пренесува „Financial Times“.

Американскиот производител на автомобили појаснува дека ќе ја затвори својата фабрика во градот Санкт Петербург до средината на оваа година. Освен тоа „GM“ го стеснува значително обемот на своето портфолио во Русија, како производството на „Opel“ и „Chevrolet“ ќе биде укинато во целост.

Опишувајќи ја Русија како „пазар со доста предизвици во долг рок“, „GM“ ќе се фокусира на луксузниот сегмент од пазарот со моделите „Cadillac“, „Corvette“, „Camaro“ и „Tahoe“.

Реструктуирањето на бизнисот во Русија ќе ја чини „GM“ 600 милиони долари. Еднократните трошоци ќе се одразат на финансиските резултати на концернот за првиот квартал од 2015-та година.

Сепак од компанијата го повторуваат ветувањето да го вратат својот европскиот бизнис кон профит до крајот на 2016-та година. До 2022-ра година пак, „GM“ планира да го зголеми својот удел на пазарот во цела Европа до 8%, како и да постигне профитна маргина од 5%.

Вестите од „GM“ пристигнуваат само ден откако „Nissan“ објави дека го прекинува производството на автомобили во својата фабрика исто така во Санкт Петербург, но само за две недели, поради слабата продажба.

Во февруари продажбата на нови автомобили во Русија се намали за 38% на годишна основа поради влошената економија, ниските цени на нафтата и западните санкции. Слабата рубља, пак ги принудува корисниците да ги одложат големите набавки, а производителите – да ги зголемат цените.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП