12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОбука за невработени кај познат работодавач

Обука за невработени кај познат работодавач

dime spasov i vlatko popovski

Невработените лица ќе можат да се обучат кај познат работодавач, со што ќе си ги зголемат шансите да бидат вработени, а ќе добиваат и по сто евра месечно. 

Ова се овозможува со јавниот повик на Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување, кој почнува од петок, а е дел од новата мерка `Обука кај познат работодавач`.

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, во четврток информираше дека можност за обука кај познат работодавач оваа година ќе имаат 1.000 лица, а за реализација на проектот се обезбедени 22.600.000 денари преку ИПА програмата.

„Обуката ќе се реализира во реални работни услови на работните места кај приватните компании коишто ќе аплицираат за искористувањето на оваа мерка, при што невработените лица ќе имаат можност за обука на работно место во период од тримесеци за што ќе добиваат по 6.200 денари месечно заедно со осигурување при повреда при работа“, рече Спасов.

Приватните компании, кои ќе бидат дел од овој проект ќе добиваат надоместок за реализација на проектот и тоа до 25.000 денари.

Министерот  ги повика сите невработени лица и приватни компании да ја искористат оваа можност и да аплицираат.

Минатата година, во оваа мерка учествувале 569 лица од кои во моментот се вработени вкупно 305 лица, кои до тогаш биле невработени.

Новина во оваа мерка годинава е што Агенцијата за вработување ќе го воведе и-меил системот и преку и-меил ќе се информираат сите приватни компании во Македонија за оваа активна мерка и придобивките од неа, додека невработените лица ќе бидат информирани преку СМС-порака.

Директорот на Агенцијата, Влатко Поповски, рече дека оваа мерка досега покажала позитивни резултати и потенцираше дека доколку компаниите вработат лицa кои ја проследиле обуката, а се помлади од 29 години, ќе бидат ослободени од плаќање придонеси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП