12 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПрвиот електричен автомобил на BMW се појави во далечната 1972-ра (видео)

Првиот електричен автомобил на BMW се појави во далечната 1972-ра (видео)

prvo elektricno bmw

Моделите на „BMW“ со ознаката „i“ не се првите електрични автомобили кои ги има произведено баварската компанија, туку тоа беше во далечната 1972-ра година кога на светот му беше прикажан моделот „1602e“.

Иако тој модел никогаш не отиде во сериско производство, имаше многу влијание на иднината на компанијата. „BMW 1602e“ беше експериментално возило, со кое се истражуваше потенцијалот на електричните автомобили во секојдневното возење.

Енергијата на првото електрично „BMW“ возило ја даваа 12 батерии, поврзани заедно со цел нивниот капацитет да биде поголем. Енергијата се трошеше на погонот на електромоторот кој го разви „Bosch“.

Интересно, само два вакви модели беа составени и тоа се случуваше во апсолутна тајност, додека „BMW“ не се пофали со овој проект за време на презентацијата на Олимписките игри во Минхен во 1972-ра година.

За жал, под влијание на нафтеното лоби, проектот пристигна прерано, па на некој начин беше попречен неговиот развој и неславно заврши во некој од подрумите во музејот на „BMW“, за повторно да ја згодледа светлоста на денот, дури сега!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП