18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСопственикот на Van Hool во посета на Општина Илинден

Сопственикот на Van Hool во посета на Општина Илинден

Untitled

Работен состанок меѓу сопственикот на белгиската компанијата за производство на автобуси Van Hool, Филип Ван Хол и градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, се одржа во четвртокот во просториите на општината.

Со ова Општина Илинден  ја продолжува соработката и дијалогот со бизнис секторот, како еден од главните двигатели за локалниот одржлив економски развој на локалната заедница.

За врeме на средбата била потенцирана добрата соработка меѓу оваа успешна компанија и локалната самоуправа, пред се во делот на образованието и подобрувањето на образовниот процес.

Постоењето на овој светски бренд во Општина Илинден е од огромно значење за локалната самоуправа, но и за регионот, па и пошироко. Van Hool не само што директно придонесе за намалување на невработеноста, туку овозможи развој и поддршка на повеќе мали компании кои си најдоа свое место како партнери во производствениот процес на Van Hool, се вели во соопшението.

Според зборовите на Филип Ван Хол, со отворањето на фабриката за автобуси во Македонија, за прв пат во 30-ет годишното постоење на компанијата, Van Hool стана број еден извозник на автобуси во Соединетите Американски Држави. Главен придонес за ваквите успешни резултати, како што рече тој, дале квалитетната работна сила и стручноста на кадрите во компанијата во Република Македонија, поради што нивна интенција е со отворање на нови капацитети да го прошират производството и да отворат нови работни места.

Градоначалникот Стојановски ги презентираше работењето, плановите и активностите за развој на Општина Илинден, посочувајќи дека локалната самоуправа и во иднина ќе остане отворена за директна соработка и поддршка на бизнис семејството на ОпштинаИлинден. Тој го искажа своето задоволство од постоењето на ваква компанија на територијата на Општината.

Од средбата произлезе заедничка оценка дека во иднина треба да се интензивира соработката во повеќе сегменти, се со цел да се покаже општествената одговорност на оваа компанија во развојот на локалната заедница.

Инаку, Општина Илинден и Ван Хол пред минатата година потпишаа Меморандум за соработка во областа на образованието со кој белгиската компанија се обврза да обезбеди практична настава, обука и работно ангажирање на учениците од Средното стручно училиште „Илинден“, според потребите во сопствените капацитети. Во таа насока на средбата, претставниците на „Ван Хол“ истакнаа дека планираат на дел од учениците кои што ќе се истакнат со своите знаења и ќе пројават инетрес за производствените процеси, директно да им обезбедат можност за вработување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП