21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАБруто надворешниот долг на Хрватска достигна 46,7 млрд евра

Бруто надворешниот долг на Хрватска достигна 46,7 млрд евра

hrvatskand389nvc

Бруто надворешниот долг на Хрватска достигна 46,7 милијарди евра, што претставува 108,4 проценти од бруто домашниот производ (БДП), наведува Хрватската народна банка.

Годишниот раст од 0,8 милијарди евра (1,7 проценти) е последица од меѓувалутните промени, односно силното зајакнување на американскиот долар на светските девизни пазари.

Апресијацијата на американската валута во однос на еврото од 11,5 проценти во однос на крајот на 2013 година имаше посебно влијание на номиналниот исказ на долгот поради издадените државни обврзници на американскиот пазар.

Сепак, ако се исклучи влијанието на валутите и останатите промени, бруто надворешниот долг на Хрватска е намален за 0,3 милијарди евра, пред се како резултат на изразеното раздолжување на кредитните институции кое трае трета година по ред.

Според последните достапни податоци на Централната банка, само во првите единаесет месеци од 2014 година, долгот на други монетарни институции е намален за 1,3 милијарди евра.

Најголем дел од минатогодишниот пораст на бруто надворешниот долг на јавниот сектор треба да се препише на статистичкиот пораст на бруто долгот на државата, кој со раст од 982 милијарди евра на крајот на ноември достигна 13,7 милијарди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП