29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСилен раст на Волстрит по пораките од Фед

Силен раст на Волстрит по пораките од Фед

New York City - Helicopter tour

Цените на акциите на Волстрит силно пораснаа во средата, откако Фед порача дека нема да биде „нестрплив“ по прашањето на каматните стапки и ги намали проценките за нивниот раст.

Dow Jones зајакна за 227 поени или 1,27 отсто, на 18.076 поени, додека S&P 500 скокна 1,21 отсто, на 2.099 поен, а Nasdaq се зголеми за 0,92 отсто, на 4.982 поени.

Како што се очекуваше, во вчерашното соопштение на американската централна банка, по дводневната седница, беше изоставена фразата дека ќе биде „стрплива“ по прашањето на каматите, што остава простор за нивно зголемување во наредните месеци.

Меѓутоа, претседателката на Фед, Џенет Јелен порача на прес конфренецијата дека тоа не значи дека централната банка ќе биде „нестрплива“.

Инвеститорите од ова заклучија дека централната банка нема да ги зголемува каматните стапки во јуни, туку на есен, особено што челниците на Фед остро ги намалија проценките за раст на каматите до крајот на годината од претходни 1,125 на 0,625 отсто.

Исто така, Фед ја намали прцоценката за раст на економијата, порачувајќи дека растот е „нешто поумерен“, додека пред три месеци тврдеше дека економската активност „расте со солидно темпо“.

„Со намалувањето на проценките за растот на каматите, Фед испрати јасен сигнал дека нема да брза со зголемувањето на каматите бидејќи смета дека економијата расте само умерено“, вели Дејвид Џој, стратег во компанијата Ameriprise Financial.

Иако Јелен повторно истакна дека одлуката за каматните стапки ќе биде донесена зависно од идните економски показатели и дека не може да ја исклучи можноста од нивно зголемување уште во јуни, аналитичарите заклучија дека првото покажување на каматите од 2006 година ќе уследи дури во септември или октомври.

Благодарени на пораките дека монерната политика и натаму ќе биде лабава, вчера силно пораснаа акциите на сите 10 сектори од индексот S&P.

Најмногу за 2,9 отсто сконаа цените на акциите во енергетскиот сектор, благодарение на растот на цените на нафтата за речиси 5 отсто. Но, тоа не е последица од намалувањето на расчекорот помеѓу понудата и побарувачка, туку на остриот пад на курсот на доларот.

И на европските берзи цените на акциите вчера беа во пораст. Лондонски FTSE зајакна за 1,57 отсто, на 6.945 поени, париски CAC беше во плус 0,09 отсто, на 5.033 поени, додека франкфуртски DAX се намали за 0,48 отсто, на 11.922 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП