18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПристигнуваат десет нови Mercedes-Benz хибриди до 2017-та година

Пристигнуваат десет нови Mercedes-Benz хибриди до 2017-та година

mecinja 3

„Mercedes“ ги најави плановите кои вклучуваат претставување на десет нови „plug-in“ хибриди во текот на 2017-та година.

Koмпанијата засега објави само информации дека станува збор за модели во рамките на „C“ и повисоките класи, како и дека наскоро ќе биде претставена и „plug-in“ хибридна верзија на „GLE“ моделот.

Засега не е познато кои се останатите модели, но тие и можеле да бидат „GLC“, „GLE Coupe“, „GLS“ и следната генерација на „E – Сlasѕ“. „Mercedes“ во истата прилика најави дека во понудата би можела да се најде и производната верзија на „Concept V-ision“ кој неодамна беше претставен за време на женевскиот авто-саем.

Томас Вебер, раководителот на одделението за развој во „Mercedes“, нагласува дека „plug-in“ хибридите ќе им го нудат најдоброто на купувачите: во град ќе можат да возат во електричен режим, додека за долгите патувања ќе ги искористат предностите на атмосферскиот мотор.

Покрај тоа, хибридизацијата го прави атмосферскиот мотор поефикасен и донесува специјален тип на динамички перформанси, наведува Вебер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП