25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗOktavia ја доби третата генерација

Oktavia ја доби третата генерација

skoda

На авто-саемот во Женева премиера имаше и третата генерација на „Octavia“ и „Octavia Combi“.

Новата „Octavia“ е прв модел на чешкиот произведувач кој е базиран на новата платформа на Фолксваген – „MQB“. Во споредба со претходната генерација новата е порасната во должина и ширина.

Автомобилот сега е долг 4.659mm, што е за 90 mm повеќе во однос на својот претходник, а ширината изнесува 1.814 mm или зголемување од 45 mm.

Кога станува збор за функционалноста на новиот модел, најважно е меѓуосовинското растојание кое сега изнесува 2.686mm. Тоа е за 108 mm повеќе од стариот модел. Во Шкода велат дека „Octavia III“ има најголем багажник во класата чија запремнина е 590 литри.

skoda1

За првпат во моделот „Octavia“ е достапен и адаптивен темпомат, како и систем за препознавање на сообраќајните знаци. Како опција во понудата е и панорамски покрив, како и „Driving Mode Selection“, команда за избор на различни начини на возење.

Шкода „Octavia III“ на европскиот пазар се очекува да стигне напролет, со избор од дури осум погонски единици. Од бензинските ќе бидат понудени 1.2 литарски TSI со 86 ks, потоа 1.2 литарски TSI Green tec со 105 ks, 1.4 литарски TSI Green tec со 140 ks и најсилниот 1.8 литарски TSI Green tec со 180 ks.

Кога станува збор за дизел моторите достапни се 1.6 литарски TDI кој развива 90 ks, потоа 1.6 литарски TDI Green tec со 105 ks и 2.0 литарски TDI Green tec кој располага со 150 ks.

Во Шкода истакнуваат за 1.6 литарскиот TDI кој во GreenLine верзијата развива 110 ks, со просечна потрошувачка од само 3,4 l/100 km и CO2 емисија од 89 g/km. Моторите ќе бидат придвижувани со шестостепен рачен или седмобрзински автоматски DSG менувач со двојно квачило.

skoda2

На публиката во Женева и беше претставен и новиот караван. Во однос на актуелниот „Combi“, новата генерација е подолга за 90, а широка за 45 mm.

За комфорот на патниците е уште позначајно што меѓуосовинското растојание е зголемено за 110 mm. Како што велат кај чешкиот произведувач ќе се обезбеди дополнителен простор за колената на патниците на задните седишта.

Волуменот на багажникот кој порасна на 610 литри со преклопување на задните седишта може да се зголеми на 1.740 литри.

Што се однесува до моторите, тие се превземени од лимузинската верзија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП