20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ го поддржува населението погодено од поплавите во источниот дел на Македонија

ЕУ го поддржува населението погодено од поплавите во источниот дел на Македонија

poplavi 255

Европската комисија (ЕК) доделува 84.236 евра за помош на населението на најпогодените делови оваа зима во источниот дел на Македонија.

Тешките временски услови кои во текот на јануари и февруари ја погодија Македонија, причинија значителна материјална штета. Според Меѓународната федерација на Црвен крст (ИФРЦ), 100 илјади луѓе се погодени од поплавите.

Финансиската помош на ЕУ, обезбедена преку Фондот за итно надминување катастрофи на Црвениот крст (ДРЕФ), ќе ја поддржи тековната помош на локалниот Црвен крст за надминување на последиците од поплавите. Помошта ќе се користи за дистрибуција на храна, хигиенски материјали и други основни средства како што се облека и ќебиња. На директен начин, помошта ќе ја користат речиси илјада семјества (околу 4 илјади луѓе).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП