5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПроект на УСАИД за експанзија на мали бизниси во вардарскиот регион

Проект на УСАИД за експанзија на мали бизниси во вардарскиот регион

vardarski-region

Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, кофинансиран од Владата на Швајцарија, во партнерство со Центарот за развој на вардaрскиот плански регион, денес свечено ќе го одбележи почетокот на иницијатива за имплементација на ЛЕАДЕР (LEADER) пристапот за локален економски развој во вардарскиот регион.

Настанот ќе почне во 12 часот во винаријата Стоби, лоцирана во близина северниот влез на  Градско.

Џејмс Стаин, директорот на УСАИД во Македонија; Катарина Штокер, заменик шефицата на мисијата на Швајцарија во Македонија; Жанета Чаушевска, градоначалничката на Градско; и Славчо Чадиев, градоначалникот на Велес, ќе имаат поздравни обраќања. Потоа ќе следува презентација на ЛЕАДЕР пристапот и очекуваните придобивки од неговото спроведување во вардарскиот регион.

ЛЕАДЕР пристапот е иницијатива на Европската унија за поддршка на проекти за рурален развој кои се иницирани на локално ниво со цел ревитализација на руралните области и создавање на работни места. Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси во 2013 и 2014 го воведе ЛЕАДЕР (LEADER) пристапот во Пелагонија и во североисточниот регион, и успешно формираше три Локални акциони групи. Локалните акциони групи во битолскиот, прилепскиот и ресенскиот регион ги обединија приватниот, јавниот и граѓанскиот сектор околу заеднички проблеми поврзани со локалниот економски развој.

Локалните акциони групи веќе работат на развивање и спроведување на проекти за економски развој, вклучувајќи и студија која им помогна на производителите на јаболка од Ресен да додадат вредност на нивното производство преку преработување на јаболките во јаболков сок или концентрат. Проектот исто така почна да го спроведува пристапот во полошкиот регион во февруари 2015.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП