7 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИгор Дурловски изведува романтични арии

Игор Дурловски изведува романтични арии

igor-durlovski

Македонската филхармонија ќе одржи концерт, насловен „Романтични арии за бас“, во четврток,  во Домот на АРМ со почеток во 20 часот.

Оркестарот ќе настапи под водство на маестро Јануш Пшибилски, а како солист ќе се претстави еден од најдобрите македонски репродуктивци, маестралниот бас Игор Дурловски, кој гради успешна кариера во оперските куќи во Германија и Австрија.

Дурловски ја изведе комплексната сцена и арија на кралот Марке од Вагнеровата опера „Тристан и Изолда“ и за прв пат во Македонија ќе биде претставена аријата „Колку е убава музиката “ од операта „Немата жена“ од Рихард Штраус.

Оваа вечер премиерно ќе бидат изведени уште две дела и тоа Адаџето од операта ,,Изгубениот рај“ од Кшиштоф Пендерецки и Синфониетата бр. 1 од Мјачеслав Вајнберг чие дело за прв пат ќе прозвучи во изведба на Македонската филхармонија. Покрај нив, свое место на програмата ќе најде и спектакуларната увертира „Мајстори пејачи“ од Рихард Вагнер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП