7 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАНикола Маџиров учествува на Меѓународните поетски средби во Белград

Никола Маџиров учествува на Меѓународните поетски средби во Белград

11823mala

Никола Маџиров учествува на Меѓународните поетски средби во Белград во организација на Белградскиот центар за култура чие главно мото е „Чуму поезија”, а во чиј фокус е современата европска поезија.

Настанот почнува во петок, а главен повод е одбележувањето на Светскиот ден на поезијата.

Освен Маџиров, учествуваат и поети од Австрија, Шпанија, Летонија, Полска, Ирска, Чешка, Франција и други земји. Освен читања,  ќе се разговара и за сложениот односот меѓу поезијата и медиумите.

Истовремено, во Балтимор, САД, во четврток, ќе биде отворена изложбата „Дом – Проект 837” која вклучува слики, фотографии и поезија од уметници од речиси сите страни на светот.

Маџиров е претставен со неколку песни кои го отвораат прашањето на домот и современото номадство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП