28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТуск разгледува нови санкции против Русија со Меркел и Оланд

Туск разгледува нови санкции против Русија со Меркел и Оланд

tusk-merkel-oland

Претседателот на Европскиот совет, поранешниот полски премиер Доналд Туск, заедно со германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд ќе го разгледа предлогот со кој санкциите на Европската унија против Русија воведени поради нејзината наводна улога во украинска криза би бил поврзан со договорот за примирјето, изјави во средата неименуван висок функционер на ЕУ.

Доналд Туск работи со германската канцеларка и францускиот претседател на компромисен предлог за иднината на санкциите против Русија за кој верува дека ќе ја добие поддршката од сите 28 земји членки на Европската унија на самитот кој ќе започне во четврток.

„Тој предлог ќе оди во насока на градење на многу силни врски меѓу целосната примена на договорот од Минск и веќе наметнатите санкции кои ќе останат сé до целосното спроведување на споменатиот договор“, изјавил за Reuters европски функционер кој сакал да остане анонимен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП