ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманска компанија од автомобилската индустрија ќе ивестира во Прилеп

Германска компанија од автомобилската индустрија ќе ивестира во Прилеп

kompanija prilep 33

Германска компанија од автомобилската индустрија ќе инвестира во Прилеп, каде ќе бидат овозможени 250 нови вработувања главно високо образовани кадри, пред сè инженери и менаџери, кои ќе се обучуваат во Германија.

Во присуство на министерот за странски инвестиции Бил Павлески и градоначалникот Марјан Ристески, претставници од германската компанија „Акомпласт“ соопштија дека ќе инвестираат во Прилеп.

Со почнување на изградбата на фабриката паралелно ќе се гради и инфраструктурата, а локалната самоуправа ќе ја пружи својата комплетна логистика за спроведување и комплетно реализирање на оваа инвестиција.

Градоначалникот Ристески рече дека со отворањето на фабриката во зоната во Прилеп се отвора нова можност за работа на прилепчани.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП