28 април, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПедесет години од првата прошетка во Вселената

Педесет години од првата прошетка во Вселената

leonov 22

Алексеј Леонов е првиот човек кој направи прошетка во отворената Вселена и педесет години подоцна исто така добро се сеќава на моментите кога лебдел во вселенското пространство опкружен со ѕвезди, а Сонцето му блештело в очи.

Денес осумдесетгодишни, темепраментниот пензиониран советски космонаут Алексеј Леонов, насмеан ги покажува новинските исечоци за првото излегување во Вселената во историјата на човештвото за што го доби називот „првиот човек кој одеше во космосот“, иако всушност тоа и не е сосема точно, бидејќи тој само лебдел.

Леонов, има своја, поромантична верзија. Вели дека неговата задала, според замислата на Сергеј Королов, легендарниот творец на советската вселенска програма, била „да се плива низ космосот како пливач во морето“.

Идејата се родила во 1962 година, по првиот вселенски лет на Јуриј Гагарин. Тогашниот Советски сојуз и САД тие години се натпреваруваа во освојувањето на Вселената. Советите со Гагарин дојдоа до предност и настојуваат до денес да ја сочуваат. „Королов ме избра бидејќи веќе имав управувано со летала, имав добри оцени и сликав, што е реткост меѓу космонаутите“, изјави за AFP Леонов, кој тогаш немал ниту 30 години.

По осомнаесетмесечни подготовки, космонаутот конечно бил подготвен. Таквата подготвеност, меѓутоа, не можела да се каже и за вселенскиот брод „Васход 2“ со кој пилотирал неговиот пријател Павел Белаев. „Ракетата немаше систем за катапултирање“, вели денес Леонов и истакнува дека тоа го примил без страв. „Требаше да се чека девет месеци на нејзината реконструкција или да се лета со тој модел. Се одлучивме за ова второто“, кусо вели.

Имало информации дека американската агенција за вселенски истражувања NASA може да ги престигне советите во вселенската трка. „Не стануваше збор за горделивост. Едноставно чувствуваме дека тоа мораме да го сториме“, вели по половина век Леонов.

Десет седмици пред американските колеги на 18-ти март 1965 година, екипажот кој го сочинувале Белаев и Леонов, односно програмата „Алмаз 1“ и „Алмаз 2“, влегол во орбитата на 498 километри над Земјата, што било 180 километри повеќе отколку што првично било планирано. Час и половина по влегувањето во орбитата, Леонов влегов во комората на „Васкод“-от и Белаев ја затворил вратата зад него.

По намалувањето на притисокот во комората, Леонов ја отворил надворешната врата и го открива вистинскиот космос „црн амбис без крај, мноштво ѕвезди и Сонце коешто неподносливо сјае“. „Полека се извлеков и на крај се одвоив од бродот“, раскажува космонаутот. Во својот шлем го слушал командантот како и’ јавува на Земјата „Тука Алмаз еден – човекот излезе во Вселената“. „Ја снимав Земјата, совршено топчеста, Кавказ, Крим и Волга. Беше прекрасно, како на сликите на Роквел Кент“, (американски сликар познат по чистите линии и пастелни бои – з.р), вели Леонов.

Враќањето во бродот било тешко. Неговиот скафандер се надувал и повеќе не можел да ракува со камерата. Не чекајќи го одобрувањето од контролниот центар на Земјата, одлучил да го намали притисокот во својот скафандер. Успеал да влезе во комората со главата нанапред, спротивно од тоа како било предвидено и тренирано. Се капел во пот. Иако во Вселената минал само 12 минути изгубил шест килограми.

Екипажот во кабината потоа открил дека системот за автоматско слетување не функционира. Се враќале на Земјата управувајќи со бродот рачно и се приземјиле дури 400 километри од планираната локација, на Урал. „Три дена чекавме во шумата додека не дојдоа по нас, додека советското радио јавуваше дека се одмараме по летот, се потсетува денес Лонов смеејќи се.

Шест години подоцна култниот режисер Стенли Кјубрик во свој легендарен фил, „2001-ва. Одисеја во Вселената“, користел аудио снимки од отчукувањето на срцето на советскиот астронаут.

Леонов во 1975 година командувал со екипажот на мисијата „Сојуз 19“ и учествуваше во почетоците на советско-американската соработка во сферата на вселенските истражувања и пред завршувањето на блоковската Студена војна. Оттаму сегашната криза во односите меѓу Москва и Вашингтон поради кризата во Украина го поттикнува Леонов да размислува за мирот. „Меѓу астронаутите никогаш немаше граници. Кога еднаш политичарите ќе гледаат така на работите, нашата планета ќе биде поинаква“, скромно вели денес единствениот жив астронаут од програмата „Васход“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП