28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОдбележани 70 години Црвен крст на Македонија

Одбележани 70 години Црвен крст на Македонија

70-godini-crven-krst-humanosta-ne-se-uchi-taa-e-privilegija-242381

Свечена академија по повод одбележувањето 70 години од формирањето на Црвениот крст на Република Македонија, се одржа во вторник вечер во НУ Македонски народен театар.

Во рамки на свечената академија Генерален секретар на Црвениот крст, Саит Саити златен медал им додели на Австрискиот Црвен крст, а на градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, и на долгогодишните соработници им додели плакети. Од име на добитниците на плакетите на присутните гости им се обрати градоначалникот Коце Трајановски.

„Задоволство и чест е да се обратам пред Вас на денешниот настан од името на сите наградени по повод големиот и значаен јубилеј – 70 години Црвен крст на Република Македонија. Денешниве признанија за нас се од особена важност. Истите се доделуваат во знак на особен придонес во развој и имплементација на хуманитарните активности на Црвен крст, во насока на промоција на личната ангажираност и позитивниот пример во заедницата, поддршката во работењето на организацијата, афирмацијата и заслугите во остварување на мисијата и визијата на Црвениот крст на РМ. Овие признанија имаат и дополнителна тежина, бидејќи истите се темелат на принципот хуманост кој е од особено значење во животот на секој поединец“, рече градоначалникот Трајановски.

Свечената академија, која се одржа под покровитество на Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, со химната на Црвениот крст на РМ „Човек со човек бидува“ ја отвори Маргарита Христова, а свеченоста ја збогатија со свои настапи и групата „Синтезис“, Агим Ајрулаху и младиот и надежен пејач Трајче Георгиев.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП