6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Inditex зголемен за 5 проценти

Профитот на Inditex зголемен за 5 проценти

Inditex

Шпанскиот моден гигант „Inditex“ во минатата година го зголеми нето профитот за 5,0 проценти, на 2,5 милијарди евра, благодарение на закрепнувањето на неговите главни европски пазари, како и поволните валутни ефекти.

Овој сопственик на познатата марка „Zara“ во 2014 година остварил приходи од 18,1 милијарди евра, со раст по истата стапка од 5,0 проценти во однос на 2013 година, пренесува Ројтерс.

Аналитичарите просечно предвидуваа нето профит од 2,49 милијарди евра и 18,06 милијарди евра приходи.

Во соопштението се додава дека растот продолжува и во 2015 година, па за првите шест недели продажбата е зголемена за 13 проценти.

За тековната година „Inditex“ планира инвестиции во износ од 1,35 милијарди евра и отворање на 420 до 480 нови продажни објекти, додека 80 до 100 ќе бидат затворени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП