15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМосковици: ЕК нема да стави вето на грчките мерки за помош на...

Московици: ЕК нема да стави вето на грчките мерки за помош на најсиромашните

pierre-moscovici

Европската комисја (ЕК) целосно ја поддржува идејата да им се помогне на најсиромашните луѓе во Грција и не наметнува „никакво вето” врз мерките коишто владата на грчкиот премиер Алексис Ципрас ги подготвува, изјави во средата еврокомесарот за финансиските прашања, Пјер Московици, пренесува AFP.

На овој начин Московици одговори на медиумските пишувања дека Брисел нема да и дозволи на Грција да го изгласа предлог законот за помош на најсиромашните Грци кои се погодени од кризата.

Московици, исто така, нагласи дека Европската унија (ЕУ) не е подготвена да ја задржи Грција во еврозоната „по секоја цена“, но истовремено потенцираше дека грчкиот излез од еврозоната би и’ предизвикал голема штета на монетарната унија.

„Нема да ја задржиме Грција во еврозоната по секоја цена, туку според строги услови кои се прифатливи за двете страни“, рече Московици, додавајќи дека потенцијалниот трет пакет на помош ќе мора да биде поинаков од претходните два.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП