„China Telecom Corp Ltd“ објави помал од очекуваното профит од 17,68 милијарди јуани (околу 2,95 милијарди долари) во 2014-та година. Стапката остана речиси без измена во однос на една година порано, бидејќи мобилниот оператор беше погоден од последиците од воведувањето на нов данок на додадена вредност, пишува „Reuters“.
Властите во Кина воведоа рамен данок од 3%. Истовремено, данокот на додадена вредност, кој варира помеѓу 6% и 11% за различни услуги, беше воведен од 1-ви јуни 2014-та година.
Претседателот на „China Telecom“, Ванг Сјаочуан во соопштението вели дека телекомот „презема одговорноста“ на променливите услови на пазарот, вклучувајќи на наметнатите во минатата година дополнителни даноци, преку подобрување на продажбата на своите „3G“ и „4G“ услуги.
Компанијата, која доби целосна лиценца за обезбедување на брза „4G“ услуга на национално ниво претходно во овој месец, си постави амбициозна цел за постигнување на 100 милиони „4G“ клиенти во оваа година. Ако целта биде постигната, „China Telecom“ ќе се израмни на пазарот на високо-брзински мобилни услуги со „China Mobile“.
Слично на „China Mobile“ и „China Unicom“, „China Telecom“ исто така се надева на зголемување на употребата на поскапи „3G“ и „4G“ услуги за надоместување на намалувањето на приходите од разговорите и текстуалните пораки кои се погодени од подемот на интернет апликациите за комуникација, како што се „Skype“ и „WhatsApp“.
Аналитичарите очекуваа профит на телекомот да достигне 21 милијарди јуани во 2014-та година Истовремено годишните приходи од 324,4 милијарди јуани исто останаа под предвидувањата за ниво од 331,6 милијарди јуани, според анкетата на „Thomson Reuters“.
Конечните годишни резултати покажаа уште дека профитот на компанијата за четвртиот квартал бил 1,51 милијарди јуани при приходи од 80,8 милијарди јуани.