Одлуката на Хипо Алпе Адриа групацијата за внатрешно прегрупирање која се донесе кон крајот на 2014та година, а се однесува на канцелариите на групацијата во Југоисточниот блок на Европа, во кои спаѓа и Хипо Алпе Адриа Лизинг Скопје, се реализира согласно утврдениот план и динамика.
Според истата одлука, канцелариите ЈИЕ, официјално го променија својот оперативен бизнис модел преминувајќи од лизинг финансирање во ремаркетинг и продажба на финансираното портфолио од претходните оперативни години. Ова бизнис реструктуирање предизвика и ребрендирање и промена на името на компанијата во HETA Asset Resolution AG.
Паралелно со промените во групацијата и Хипо Лизинг Македенија, од неодамна, официјално оперира под брендот HETA Asset Resolution Leasing DOOEL Skopje.
Според изјавата на финансискиот директор Миливој Смилевски, Одлуката за оваа промена означува важна фаза во процесот на реализација на барањата на австриската влада и намалување на потенцијалните ризици. Исто така Смилевски потенцираше дека портфолиото на Хета Ассет Резолушн Македонија е стабилно и оперативно и е главно сочинето од подвижни средства: опрема и возила.
Директорот на HETA Asset Resolution , Јован Калајџиски појаснува дека на почетокот на 2015та година, успешно е завршен процесот на ребрендирање на Хипо Алпе Адриа на групно ниво и според планот сега привршува и ребрендирањето на Македонската канцеларија. Од овој месец компанијата во земјата и официјално работи под името HETA Asset Resolution Leasing DOOEL.
,,Главен фокус на компанијата од сега па натаму е продажба на нефункционалното портфолио, одржување на интегритетот во работењето на новиот бренд зад кој стои државата Австрија, постојана комуникација со клиентите и транспарентност кон пазарот,, – додава Калајџиски.