29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААлбанија: Нов обид за приватизација на државната нафтена компанија

Албанија: Нов обид за приватизација на државната нафтена компанија

AlbPetrol building

Албанија ќе се обиде во оваа година повторно да ја приватизира државната нафтена компанија, а наскро ќе распише тендер за концесија за истражување на нафта и гас, најави премиерот Еди Рама.

Пред четири години Албанија го продаде рафинериското работење на Albpetrol и сега компанија се занимава исклучиво со тргување на нафта и гас и со производство.

Претходната влада пред две години ја откажа постапката за приватизација за преостанатиот дел од работењето, а актуелната влада најавува нов обид.

„Оваа година ќе го заклучиме долготрајниот процес на приватизација за државната компанија Albpetrol“, рече албанскиот премиер на собир на кој присуствува претставници на нафтени и гасни компании.

„Од првиот ден ни беше јасно дека Albpetrol е анакронизам и хибрид кој не може да се носи со идните предизвици“, додаде Рама.

Неговите зборови, меѓу другото, ги слушнаа претставниците на големите нафтени, вклучитело и британски  Shell, кој е веќе присутен во Албанија, Exxon Mobil, British Petroleum, италијанси Eni, хрватска Inа, пренесе Reuters.

Со цел да привлече инвеститорите, албанскиот премиер рече дека владата решила да „обезбеди поволен режим за истражување и производство на нафта“, вклучително и фиксирање на фискални клаузули.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП