5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ ја предупреди Португалија

ММФ ја предупреди Португалија

portugalija3498

И покрај напредокот, Португалија треба да продолжи со среднорочните мерки за буџетско штедење за да не ги повтори грешките поради кои западна во криза, предупреди ММФ.

„Буџетската консолидација треба да продолжи на среден рок, не само поради големиот јавен долг, туку и за да се избегнат претходните фискални грешки“, се вели во извештајот на ММФ за Португалија.

Економскиот раст започна повторно во 2013 година и стапката на невработеност опаѓа, наведува ММФ.

По економскиот раст од 0,9 проценти во 2014 година, португалската влада планира зголемување на бруто домашниот производ (БДП) за 1,5 проценти во 2015 година.

Но, како што оцени ММФ, економското закрепнување сеуште е слабо. Предвидуваме дека економскиот раст нема да биде поголем од 1,25 проценти.

Португалија во мај 2014 година официјално излезе од меѓународниот финансиски план за помош од 78 милијарди евра. Тие пари ги доби од ММФ и Европската унија под услов да спроведе строги мерки за штедење.

Охрабрена од успешната програма за фискално прилагодување и исклучително ниските стапки за задолжување во еврозоната, Португалија започна и порано од предвиденото да ги исплатува средствата од добиениот заем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП