24 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСилниот долар го потисна надолу профитот на Oracle

Силниот долар го потисна надолу профитот на Oracle

oracle office20

Силниот долар ги „збуни“ сметките на американскиот производител на софтвер „Oracle“, но слабиот баланс ќе биде „засладен“ за инвеститорите со помпезена дивиденда. Во третиот квартал до крајот на февруари нето добивката е намалена за 3 отсто на годишно ниво или до 2,5 милијарди долари (2,4 милијарди евра), објави софтверската компанија по затворањето на берзанското тргување во вторникот, пренесе „Bloomberg“.

Со коригираниот однос на валутните флуктуации, добивката забележа раст од 7 проценти, се вели во соопштението на концернот. „Oracle“ е компанија со силно меѓународно учество, а голем дел од бизнисот се врши во странство, затоа и силната американска валута ги оптоварува сериозно резултатите. Приходите од продажба остануваат непроменети во текот на кварталот на ниво од 9,3 милијарди долари.

„Со исклучок на влијанието на токовите „тоа би било еден многу силен квартал за нас““, изјави потпретседателот на „Oracle“, Сафра Кац.

Без девизните ефекти приходите би биле повисоки за шест отсто. На „Wall Street“ сепак очекувањата беа малку повисоки .

Во последниве месеци „Oracle“ агресивно го насочува сопствениот бизнис кон „облак“ услугите, при што софтверот, податоците и компјутерската моќ се испраќаат директно до мрежата. За таа цел специјалистот за корпоративен софтвер и бази на податоци потроши милијарди долари за превземања. Во последниве месеци бизнисот со различните облачни услуги расте побавно, но доволно за да биде забележано зголемување од 29%.

Во меѓувреме веќе со години бизнисот со хардвер се развива тешко. Во исто време во минатото тримесечје и при клучниот класичен индикатор за идниот развој на бизнисот во индустријата – продажба на нови софтверски лиценци, е забележан изненадувачки пад од седум отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП