17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтановите лани поевтиниле за 0,4 отсто

Становите лани поевтиниле за 0,4 отсто

20130308-184258.jpg

Просечната цена на 1 метар квадртен станбена површина во 2012 година изнесува 49.941 денари, што е за 0,4 проценти помалку во однос на 2011, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во Скопје, просечната цена на 1 метар квадратен изнесува 58.687 денари, или за 0,5 проценти помалку во споредба со 2011 година, а во останатите населени места во државата изнесува 43.328 денари, што е за 4,9 проценти повеќе во споредба со 2011.

Просечната цена на метар квадратен во второто полугодие во однос на првото полугодие од 2012 е намалена за 5,4 проценти, а во Скопје намалувањето е за 5,8 проценти. Наведените просечни цени на метар квдаратен станбена површина се без данок на додадена вредност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП