Берзанските индекси Dow Jones и S&P 500 се намалија во вторникот на Волстртит бидејќи инвеститорите се внимателни во пресрет на одлуките на Фед, а под најголем притисок беше рударскиот сектор.
Dow Jones ослабна за 128 поени или 0,71 отсто, на 17.849 поени, а S&P 500 се намали за 0,33 отсто, на 2,074 поени, додека Nasdaq зајакна, пак, за 0,16 отсто, на 4.937 поени.
Падот на Dow Jones и S&P 500 последница е на внимателноста на инвеститорите со оглед дека во вторникот започна дводневна седница на челниците на американската централна банка.
Во понеделникот цените на акциите силно пораснаа бидејќи инвеститорите се надеваа дека низата извештаи кои укажуваат на забавување на растот на најголемата светска економија ќе го наведе Фед да го одложи кревањето на камататите.
Сепак, во вторникот повеќе не беа сигурно во такво нешто, па со најголемо нетрпение се чека што ќе порача Фед во среда по дводневната седница.
Повеќето аналитичари очекуваат дека Фед во соопштението ќе ја изостави вообичаената фраза дека ќе биде „внимателен“ по прашањето на каматите, што би значело дека каматите прв пат по 2006 година би биле зголемени веќе во јуни.
„Инвеститорите го чекаат соопштението на Фед бидејќи се надеваат дека централната банка ќе ги појасни своите намери“, рече Мајкл О’Рурк, стратег во компанија JonesTrading.
Со зголемувањето на каматите Фед би покажал дека е уверен во стабилно закрепнување на економијата, но инвеститорите се прашуваат дали економијата е доволно силна за да издржи раст на цените на кредитирањето.
Меѓу 10-те сектори на S&P 500, најмногу вчера паднаа цените на акциите во рударскиот сектор, за 1,2 отсто.
Лошо на берзите влијаеше и падот на цената на нафтата на американскиот пазар, по податоците дека минатата недела залихите на „црното злато“ во САД пораснаа за 10,5 милиони барели, што покажува дека побарувачката и натаму е послаба од понудата.
Од друга страна, значително вчера пораснаа цените на акциите на неколку технолошки гиганти. Акциите на Apple и Facebook поскапеа за 1,7 отсто, а на Oracle 3,4 отсто. Тоа е и главна причина за благиот раст на индексот Nasdaq.
И на повечето европски берзи цените на акциите вчера паднаа. Франкфуртски DAX се намали за 1,54 отсто, на 11.980 поени, а париски CAC се спушти за 0,64 отсто, на 5.028 поени. Лондонски FTSE, пак, зајакна за 0,49 отсто, на 6.837 поени.