Mинистерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, во среда напладне ќе одржи работен состанок со претставници на институции во Штип.
На средбата ќе се дискутира за спроведувањето на новите закони за администрација, Законот за административни службеници и Законот за вработените во јавниот сектор.
Настанот ќе се одржи во просториите на општина Штип.