
Тркалезна маса „Работните услови на новинарите во Македонија“, ќе се одржи денес во просториите на ЕУ Инфоцентарот.


Тркалезна маса „Работните услови на новинарите во Македонија“, ќе се одржи денес во просториите на ЕУ Инфоцентарот.
На настанот ќе бидат претставени наодите од истражувањето: „Вработувањето и работните услови за новинарите во Македонија“ што го спроведе Македонскиот институт за медиуми (МИМ), а дополнително, синдикалните искуства на оваа тема ќе ги презентира Тамара Чаусидис, претседател на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на Македонија.
Тркалезната маса е дел од регионалниот проект „Партнерство на Југоисточна Европа за развој на медиумите“, координиран од Центарот за независно новинарство, Романија, а имплементиран од група медиумски организации од регионот.
Проектот е кофинанисиран од Европската комисија, преку Програмата за помош на граѓанското општество, слободата на медиумите и отчетноста.