понеделник, 28 ноември 2022
ПочетнаСПОРТБИЗ‘Белата точка’ среќна за Атлетико

‘Белата точка’ среќна за Атлетико

7292bbca-1687-4c0b-ae4c-eb4290a62012-620x372

Атлетико Мадрид остана во конкуренција во Лигата на шампионите, каде во минатата сезона играше во финалето, откако во осминафиналниот двомеч, по изведувањето на пенали, го елиминираше Баер Леверкузен. Атлетико по изведувањето на пенали победи со 4:2, откако по 120 минути игра резултатот беше 1:0.

Баер на реваншот на „Винсенте Калдерон“ стигна со предност од 1:0, која Атлетико ја анулира во 27.минута кога погоди Марио Суарез со помош на дефанзивецот Топрак.

До крајот на регуларното време Атлетико го диктираше темпото, создаде неколку шанси но резултатот остана непроменет. Во продолженијата ниту еден од тимовите не рескираше премногу па прашањето на шестиот четвртфиналист го решаваа пеналите.

Трагичар на Баер е искусниот напаѓач Кислинг кој го промаши последниот пенал. Претходно во првата серија промашија Раул Гарсија (Атлетико) и Чалханоглу (Баер), во втората серија сигурни беа Гризман (Атлетико) и Ролфс (Баер).

Марио Суарез му донесе предност на Атлетико по третата серија бидејќи Топрак биеше над голот. Во четвртата серија Лено го одбрани ударот на Коке, а Гонзало Кастро го израмни резултатот во пенал серијата на 2:2.

Во последната серија Фернандо Торес погоди за Атлетико, а Кислинг шутираше виско над голот, за конечни 3:2 по пенал серијата за ‘јорганџиите’.

Покрај Атлетико четвртфиналисти се Реал, Порто, ПСЖ, Монако и Баерн Минхен. Последните четвртфиналисти ќе бидат познати в среда кога реванш осминафиналните натпревари ќе ги одиграат Борусија Дортмунд и Јувентус, односно Барселона и Манчестер Сити.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП