18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМинистерот Незири присуствуваше на поставувањето камен темелник на гасоводот ТАНАП

Министерот Незири присуствуваше на поставувањето камен темелник на гасоводот ТАНАП

bekim neziri 22

Министерот за економија Беким Незири во вторник присуствуваше на свечената церемонија за поставување на камен темелник за изградба на транс-анатолскиот гасовод за природен гас ТАНАП, во провинцијата Карс во близина на турско-грузиската граница.

На церемонијата која се одржува под покровителство на претседателите на Турција, Грузија и Азербејџан Реџеп Таип Ердоган, Георги Марквелашвили и Илхам Алијев, министерот Незири имаше средба со турскиот министер за енергетика Танер Јилдиз со кого разговараа за можноста во иднина и Република Македонија да се приклучи во проектот, кој е многу значаен за целиот регион.

„Република Македонија и понатаму останува отворена за соработка со земјите од регионот и пошироко во однос на сите понудени решенија од аспект на изградба на гасоводни интерконекции и обезбедување на природен гас, при што имајќи ги во предвид критериумите за обезбедување на доволни количини на природен гас, континуитет во снабдувањето без прекини, како и пониска понудена цена на природен гас“, изјави министерот Незири.

Министерот Незири изјави дека согласно развојот на меѓународните гасоводи постојат неколку можности за интерконективно поврзување на гасификациониот систем на Република Македонија со гасоводите кои транзитираат низ територијата на Турција.

„Гасоводот ТАНАП кој  оди до Грција, а потоа на него се надоврзува гасоводот ТАП- транс јадрански гасовод, кој поминува од Грција во Албанија и под Јадранско море оди во Италија, претставува добра можност за поврзувањето на гасификациониот систем на Република Македонија, и истиот би можело да биде преку Грција кај Гевгелија или кај Битола со должина на кракот за поврзување од околу 60 км“, изјави министерот Незири.

Проектот ТАНАП е потпишан помеѓу Турција и Азербејџан и се предвидува да биде пуштен во работа 2019 година, и истиот ќе пренесува гас од Азербејџан од наоѓалиштето Шах-Дениз.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП