24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловенија се подготвува да издаде 20 годишна обврзница

Словенија се подготвува да издаде 20 годишна обврзница

slovenciteve4e654v6e4v

Словенечкото Министерство за финансии потврди во вторник дека се подготвува да издаде нова серија на државни обврзници со 20 годишен рок на доспевање, за што дефинитивната одлука ќе ја донесе во зависност од приликите на финансискиот пазар.

Мандатот за подготовка за издавање на обврзницата им е даден на банките Barclays, BNP Paribas, Goldman Sachs, Societe Generale и Unicredit, а 20 годишните обврзници Словенија ќе ги издаде за првпат бидејќи до сега се задолжуваше со тригодишни и десетгодишни обврзници, а еднаш и со обврзница со рок на доспевање од 15 години.

Кога обврзниците ќе бидат издадени и во колкава вредност официјално не е познато.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП