7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКреаторот на Fisker Karma направи посебен Aston Martin (фото)

Креаторот на Fisker Karma направи посебен Aston Martin (фото)

tunderbolt

Во последните години Хенрик Фискер се манифестираше како претприемач, а не како талентиран дизајнер, каков што е во суштина. На крајот креаторот на „Fisker Karma“ одлучи да се врати кон својата основна дејност и направи специјална верзија на „Aston Martin Vanquish“.

Британската марка не е непозната за Фискер, бидејќи во текот на неколку години тој беше нејзин главен дизајнер. Неговата нова творба е концептуален модел кој го носи името „Thunderbolt“.

Интересно е дека дизајнерот нема учество во оригиналниот „Vanquish“, бидејќи го напушти „Aston Martin“ пред создавањето на овој модел.

tunderbolt1

За време на работата над возилото, Фискер менува голем дел од елементите на каросеријата со нови, кои се направени од карбон и се со различна форма. Променети се кровот и задните светла, а исто така и ентериерот, каде има место за 11-инчен дисплеј.

На каква доработка бил подложен моторот на „Aston Martin Vanquish Thunderbolt“ не беше објавено, но најверојатно машината е опремена со познатиот „V12“ со моќност од 576 КС. Со него стандардниот „Vanquish“ забрзува од 0 до 100 км/ч за 3,8 секунди. Се очекува тој да го прави побрз „Thunderbolt“, бидејќи е со полесна каросерија.

Ова е уште еден нов проект на Фискер, кој кон крајот на минатата година во соработка со компанијата „Galpin Auto Sport“ го направи концептниот „Ford Mustang GT Rocket“. Имено компанијата „Galpin“ која е дилер на „Ford“ за САД, ќе го прави и ќе го продава „Aston Martin Vanquish Thunderbolt“, а веќе за ова возило може да се добиваат нарачки.

tunderbolt2

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП