Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, во вторникот во Прилеп пред институциите од јавниот сектор во општината, на кој ги претстави најважните области од спроведувањето на Законот за административни службеници и Законот за вработените во јавниот сектор, кои стапија во сила на 13 февруари оваа година.
На средбата на која присуствуваше и градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, беа разгледани прашања поврзани со дејноста на работењето на соодветните институции од образовната, културната и здравствената област, како и комуналните претпријатија, а кои се однесуваа на новите административни закони.
Акцент беше ставен на Каталогот на работни места, како и на активностите кои секоја од институциите е должна да ги преземе во насока на изработување на актите за внатрешна организација и систематизација. Исто така, беа појаснети функционалностите на системот за управување со човечки ресурси.
Арсовска Томовска истакна дека законите се во насока на воспоставување модерна и сервисно ориентирана јавна администрација, која нуди ефикасност и транспарентност, заснована на современите европски стандарди.