16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ мора да се праша и за Турскиот тек

ЕУ мора да се праша и за Турскиот тек

turski-tek

Било каква одлука за изградба на гасовод за транспорт на руски гас преку Турција мора да биде донесена во консултација со Европската унија и не смеат да се кршат законските обврски, изјави во Анкара еврокомесарот за енергетика, Марош Шефчович.

„Кога говориме за големи испораки на гас за европските потрошувачи, не можете да усвоите таква одлука без претходно да разговарате со нив, со Европската унија и со Европската комисија“, рече Шефчович, кој престојува во посета на Турција.

Тој изрази загриженост поради потенцијалното укинување на постоечките рути преку Украина, во полза на предложението гасовод Турски тек.

„Доколку сето ова мора да се промени туку така, не мислам дека се работи само за обична процедура. Ова е начин на кој еден толку голем клиент како ЕУ мора да биде третиран“, изјави Шефчович.

ЕУ годишно троши околу 400 милијарди евра на увоз на гас и на нафта, потсетува Reuters.

Русија во декември се откажа од изградбата на гасоводот Јужен тек, во вредност од 40 милијарди долари откако ЕУ упати забалешки поради, како што беше објаснето, преголема контрола на Русија над испораките на гас во Европа.

Проектот на гасоводот Јужен тек требаше да оди под Црното море до Бугарија, а беа предвидени годишни испораки на гас за Европа од 63 милијарди кубни метри.

Наместо тоа, рускиот гасен гигант Газпром најави во јануари дека планира изградба на подморски гасовод со ист капацитет, кој би одел до јазолот кој треба да се изгради на турско-грчката граница до 2016 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП