30 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на цените во еврозоната трети месец по ред

Пад на цените во еврозоната трети месец по ред

euros_1780625b

Еврозоната во месец февруари регистрираше пад на цените за 0,3 проценти на годишно ниво, откако цените во јануари опаднаа за 0,6 проценти, објави Eвропската агенција за статистика – Евростат.

Ова е трети месеци по ред во еврозоната да биде регистриран пад на цените.

Најголем пад е регистриран во доменот на енергетиката – 7,9 проценти, откако во јануари тој изнесуваше 9,3 проценти, наведува Евростат.

Кога станува збор за секторот прехрамбени намирници, алкохолни пијалоци и цигари, цените пораснале за 0,5 проценти, додека во јануари во овој домен е регистриран пад на цените за 0,1 проценти.

Во февруари најниската стапка на инфлација била забележана во Грција и изнесувала минус 1,9 проценти, а во Литванија изнесувала минус 1,5 проценти, пренесува АФП.

Позитивна стапка е регистрирана на Малта (0,6 проценти) и во Австрија (0,5 проценти).

Падот на цените на годишно ниво е регистриран минатиот месец и во Германија за 0,1 проценти и за 0,3 проценти во Франција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП