16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВалутните осцилации на американските корпорации чинеа 18,66 милијарди долари

Валутните осцилации на американските корпорации чинеа 18,66 милијарди долари

billions-of-dollars

Колебањето на валутните курсеви ги чинеа северноамериканските компании во четвртиот квартал од минатата година 18,66 милијарди долари приходи, се наведува во извештајот на консултантската компанија FiREapps.

Вкупното негативно влијание на промената на валутните курсеви порасна во наведениот период за над четири пати во однос на претходното тромесечје и беше најголемо од кулминацијата на кризата на еврото, се наведува во извештајот.

FiREapps го анализира ефектот на валутити врз кварталната добивка на 846 северноамерикански компании, вклучени во листата Fortune 2000, компании кои најмалку од 1 отсот од приходите ги остваруваат на меѓународните пазари, во две или повеќе валути. Добивката по акција на северноамериканските компании во просек е намелена поради негативните курсни разлики за 0,06 долари, што е речиси двојно повеќе од просекот во 2013 и 2014 година и е најмногу откако FiREapps го мери влијанието на разликите од валутните курсеви врз резултатите на компаниите.

На бројни американски компании, од DuPonta до Procter&Gamblea, силниот курс на доларот им ја нагриза добивката, а неколку блу-чип извозни компании проценија дека состојбата ќе се влоши доколку доларот остане силен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП