11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на европските акциите на највисоките нивоа во 7,5 години

Цените на европските акциите на највисоките нивоа во 7,5 години

berza-ak-ak

По силниот скок од понеделниот, на европските берзи цените на акциите во вторникот претпладне само благо зајакнаа, достигнувајќи ги новите највисоки нивоа во последните 7,5 години, а најголеми добитници се акциите на германскиот автомобилски гигант „Volkswagen“ и на британскиот малопродажен синџир „Sainsbury’s“.

Така во вторникот во 10,30 часот по македонско време, индексот FTSEurofirts беше во плус 0,2 отсто, на 1.597 поени, достигнувајќи го новото највисоко ниво од крајот на 2007 година.

Истовремено, лондонскиот Ftse индекс беше во позитива од 0,5 отсто, а парискиот индекс  CAC за 0,24 отсто. Франкфуртскиот индекс DAX, пак, по достигнатото рекордно ниво во понеделникот од 12.167 индексни поени, во вторникот претпладне ослаби за0,05 отсто.

Меѓу најголемите добитници е акцијата на „Volkswagen“ со раст на цената од 2,2отсто, откако податоците за новите регистрирани возила во Европа покажаа нивен раст во февруари од 7 отсто, како и и пренасочување на побарувачката од евтините возила како „Dacia“ кон брендовите како „Volkswagen“.

Значителна добивка забележа и акцијата на „Sainsbury’s“ со раст на цената од 2,3 отсто, бидејќи резултатите од продажбата на овој малопродажен синџир, иако во пад петто тромесечје по ред, сепак се малку подобри отколку што стравуваа пазарите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП