8 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСите рекорди на Škoda во 2014-та година

Сите рекорди на Škoda во 2014-та година

s rekor

„Škoda“ не само што во 2014-та произведе и продаде рекорден број на автомобили, туку оствари и најдобри бизнис резултати во својата историја, заработувајќи 18,4 милијарди круни (680 милиони евра).

Приходите во 2014-та година се зголемени на 11.8 милијарди евра, што е скоро 14 отсто повеќе од 2013-та. Компанијата просечно дневно зарботувала околу 1.8 милиони евра.

Овој раст би требало да се одрази и на вработеноста. Во компанијата работат 28.000 луѓе, а во текот на наредните години би требало да се отворат уште 2.300 нови работни места.

Производството и продажбата на автомобили за прв пат во историјата надмина еден милион возила во една календарска година. Најголем раст од продажбата е забележан во Кина и западна Европа.

Во „Škoda“ и натаму веруваат дека ќе достигнат производство од 1.5 милиони автомобили, но за разлика од претходните години, сега немаат прецизен план за достигнување на оваа цел.

„Со надминување на границата од милион продадени возила годишно, ние влеговме во друштвото на големи производители“, рече претседателот на управниот одбор на „Škodа“, Винфрид Валанд.

Како што покажуваат резултатите, на компанијата подобро и оди продажбата на скапите модели, а и расте и профитабилноста. За успехот на „Škodа“ најмногу придонесоа моделите „Octavia“ (продадени 389.000 возила) и „Rapid“ (221.000 примероци).

И првите два месеци во 2015-та година покажуваат дека компанијата продолжува со растот, беше објавено на конференцијата за новинари од страна на чешката компанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП