11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈункер: ЕУ мора да го почитува достоинството на Грција

Јункер: ЕУ мора да го почитува достоинството на Грција

EU Commission President Juncker addresses a news conference following a EU leaders summit in Brussels

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер изјави во понеделниот дека ги повикал земјите членки на еврозоната да изнајдат  решение за кризата околу финансирањето на Грција коешто би го почитувало„достоинството на Грција“ и би ја сочувало недопрена економската унија.

„Јас сум против ткн ’Гексзит’“, изјави претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер на конференцијата во Брисел, додавајќи дека во моментов опасноста од излегувањето на Грција од еврозоната е помала отколку од пред три години, но и дека постојат други опасности.

„Станува збор за љубов која што мора да ја чувствуваме кон грчкиот народ“, рече уште Јункер додавајќи дека Грција е соочена со „хуманитарна криза“, што е терминот кој го користи новата грчка влада на радикалната левица предводена од премиерот Алексис Ципрас. „Мораме да понудиме одговор“, порача притоа Јункер.

Јункер, кој ја презема врз себе улогата на посредник, на вџашување на Германија и уште некои големи грчки доверители, изјави дека не сака да ја види Грција изолирана и ги повика европските пријатели да го почитуваат она што Грција ќе го одлучи на демократски начин.

„Имаме 19-ти демократски држави (во еврозоната –з.р.). Не ми се допаѓа оваа игра на 18 против еден. Целоста на еврозоната мора да биде сочувана“, смета Јункер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП